Лоциран на холандската страна на карипскиот остров Sint Maarten, се наоѓа познатата плажа Махо. И покрај тоа што изобилува со ситен бел песок и прекрасна тиркизна вода, сепак, тоа не е причината поради која овој брег е толку популарен и претставува вистинска туристичка атракција.
Најголемата причина за тоа е аеродромот „Princess Juliana“ кој се наоѓа во непосредна близина на плажата. Секојдневното пристигнување на авионите кои поминуваат од ова место на минимална височина, претставува вистинско адреналинско доживување за сите љубопитни посетители.
И покрај бројните предупредувања од локалната самоуправа дека местото е опасно и дека луѓето мораат да бидат внимателни, сепак, секојдневно голем број на млади луѓе се релаксираат на плажата и со нетрпение го очекуваат слетувањето на авионите.