Екстремна храна

intro_ekstremna_hrana.jpg Дали сте од оние луѓе кои велат дека сакаат да пробуваат нови нешта? Па како ви звучи лижавче од бисери, чоколадирани мравки или скорпија со карамела? Ова е дел од специфичното мени кое го нуди британска фирма и која со задоволство ќе ви ги испорача работите дома.


Дали сте од оние луѓе кои велат дека сакаат да пробуваат нови нешта? Па како ви звучи лижавче од бисери, чоколадирани мравки или скорпија со карамела? Ова е дел од специфичното мени кое го нуди британска фирма и која со задоволство ќе ви ги испорача работите дома.

Лижавче без шеќер кое содржи црни мравки од Кина и има вкус на пеперминт.
Наменето да ви ја зголеми енергијата.

lizavche_mravki.jpg 
Чоколадирани мравки. Џиновски мравки од Колумбија прекриени со прекрасно белгиско чоколадо за зајакнување на имунитетот.
chokoladirani_mravki.jpg 

Потпечени мравки. Ова се најголемите мравки на светот и може да се најдат во амазонските шуми за време на дождовите, само меѓу март и јуни.
pecheni_mravki.jpg 

Посолени црви од Зимбабве, храна богата со протеини
soleni_crvi.jpg 

Карамелизирана скорпија

blaga_skorpija.jpg 
Лижавче со вкус на вотка во кое има цела скорпија
lizavche_votka.jpg
Кафе од ласица. Ок, не е баш од ласица, ама оваа виетнамска билка ласиците прво ја јадат, па повраќаат. Потоа мештаните ја собираат, чистат и печат. Има вкус сличен на чоколадо и во Виетнам го пијат со малку млеко.
lasica_kafe.jpg 
Афродизијаци:

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Ова лижавче има вкус на шампањ и содржи ситни парчиња 24 каратно злато
zlatno_lizavche.jpg

Бисерно лижавче. Лижавчето кое важи за афродизијак е направено од јапонски бисери и редок ванилин екстракт од Мадагаскар.
biserno_lizavche.jpg 

Бисерен прав. Бисерниот прашок кој важи за природна вијагра е направен од вистински бисери од Кина и Јапонија. Може да го истурите во шампањ или бело вино, како и да го напрскате врз колачи.
biseren_prav.jpg

Мед со стршлен – Јапонскиот стршлен е најголемиот вид оса во светот и содржи ензими кои ја зголемуваат силата и енергијата.
med_so_strshlen.jpg 

Вотка со кинеска скорпија. Откако ќе им се извади отровот, скорпиите отстојуваат во вотката три месеци пред да се пуштат во продажба.
votka_skorpija.jpg 
Ако го прифаќате предизвикот нарачајте си нешто, оваа храна ја нудат на www.edible.com

Најчудните слатки на светот

- Реклама -