Експлозија на хелихоптер во Украина (Видео)

По низата експлозии кои се слушнале на аеродромот во источна Украина, Властите во Киев соопштиле дека еден украински хеликоптер бил погоден со ракета и дека пилотот е повреден.

Шефот на Центарот за воено-политички истражувања, Дмитриј Тимчук, на брифингот во Киев изјавил дека кон хеликоптерот било пукано непосредно пред полетувањето, а станува збор за  летало од типот Mi-8. За среќа  пилотот успеал да го напушти хеликоптерот пред експлозијата.

Над аеродромот има густ чад по низата експлозии, а според руската мрежа Russia Today на истото место подоцна избил и пожар.

- Реклама -