Ново истражување налага дека опстанокот на животот на Земјата зависи од масивни експлозии на другата страна од галаксијата. Експлозиите на гама зраци кои се случуваат при судир на две ѕвезди можат да ослободат тони високо-енергетска гама радијација во вселената.
Научниците веруваат дека тие веќе придонеле во некои од изумирањата на планетава. Тие велат дека експлозиите би можеле да придонесуваат кон оштетувањето на озонската обвивка на Земјата. Брајан Томас од Вашбурн Универзитетот во Топика, Канзас, изјавил: „Откривме дека еден тип на експлозии на гама зраци – куси експлозии – најверојатно се позначајни од долгите експлозии на гама зраци. Времетраењето не е толку важно колку количината на радијација.“
Истражувањето било претставено во неделата на деветти октомври на годишниот состанок на Американското Геолошко Друштво на Америка во Минеаполис. Ова најверојатно е првиот пат научниците да ги поврзале интервалите на експлозиите на гама зраци со изумирањата на Земјата чие случување може да биде одредено преку фосилните остатоци. Livescience.com објавува дека постојат два типа на гама експлозии: подолгите, посветли експлозии и „куси-силни“ експлозии, кои траат помалку од една секунда но испуштаат повеќе радијација од долгите експлозии.
Ако дојде до таква експлозија во нашата галаксија, нејзините ефекти врз Земјата би биле многу подолготрајни. Кусите експлозии би можеле да бидат предизвикани од судир на две ѕвезди, како екстремно густите неутронски ѕвезди или црни дупки. Истражувачите процениле дека ваквите судири се случуваат еднаш на секои 100 милиони години во секоја галаксија. Тоа значи дека Земјата најверојатно била погодена од неколку вакви експлозии во нејзиниот животен век. [New study shows how gamma-ray bursts could end life on Earth]