Експертите го избраа најреалистичниот психопат од филмовите. Не е Ханибал

„Фацата кога ќе ми кажат дека психопатите во филмовите се реалистични“

Психопатите во холивудските филмови се барана роба – ја плашат и интригираат публиката. Но колку се реалистични, т.е. колкави се шансите таквите психопати да постојат во реалниот живот – е сосема друго прашање. Реторско прашање.

Во 2013-та, група психијатри одлучиле да истражат кои од фиктивните ликови се најреалистични. Анализирале повеќе од 400 филмови.

Процесот на гледање и анализа на филмовите траел цели три години, по кои 10-те експерти го свеле изборот на 126 фиктивни психопати.

Култниот Ханибал Лектер не е меѓу нив. Тој и останатите слични ликови се оценети како неуверливи, бидејќи нивните однесувања се оценети како преекстремни. Имено, освен што психопатите се склони кон насилство, во реалниот живот се однесуваат многу посуптилно. Но, таквото суптилно однесување не баш „телевизично“, нели.

„Што сé направив, и пак не им е доволно“

Ханибал, конкретно, е интелигентен и софистициран, а неговата разоружувачка харизма и хумор ја сокриваат неговата вистинска природа. Сето наведено не е комбинација која ќе ја најдете кај психопатите од реалниот живот. Според психијатрите, освен што Ханибал е лош психопат, тој е и лош психијатар. Таквиот лик е потполно нереален, бидејќи вистински психијатар нема да ги дијагностицира внатрешните психолошки конфликти на Кларис Стерлинг преку нејзиниот парфем или чевлите што ги носи. „Тоа се способности на Шерлок Холмс, и за нив нема место во секојдневната клиничка пракса“, велат оценувачите.

„Ме заебавате? Со истава фаца сум и на лична карта! Што не е реалистично тука?“

Ни Норман Бејтс во Хичкоковиот „Psycho“ не е во потесна селекција. Психијатрите за него заклучуваат дека е премногу психотичен за вистински лик.

А по деталното разгледување на кандидатите во потесната селекција, според психијатрите, најреалистичен е Антон Чигур (Хавиер Бардем) во „No Country for Old Men“ (мојот омилен негативец. Случајност?).

„Очекувано“

„Се чини дека тој е ефективно и тотално опериран од емоции и секаков вид на хуманост, па како таков е и неранлив“, заклучуваат оценувачите.

Меѓу реалистичните психопати е наведен и Гордон Гекo – арогантниот и вечно жеден за пари банкар од „Wall Street“ на Оливер Стоун.

На темата: Не, психопатите не се генијалци

- Реклама -