Експерт од МВР објаснува: Смее ли Груевски да замине од Унгарија?

Осудениот експремиер Никола Груевски доби политички азил од Унгарија, но тоа не значи дека може слободно да ја напушти земјата – не може да патува во државите на Европската унија од Шенген зоната, а уште помалку во оние членки на ЕУ (Велика Британија, Ирска, Швајцарија и Лихтенштајн) кои се надвор од зоната, бидејќи може да биде уапсен и ставен во екстрадиционен притвор.

Како што објаснува експерт од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК, Груевски во Унгарија нема статус на бегалец, како што се прави заблуда во дел од јавноста, затоа што статусот на бегалец ужива повисок степен на заштита, што не е случај со Груевски. Наместо тоа Груевски побарал супсидијарна заштита, а со тој документ треба да се движи само во Унгарија.

Ако отпатува во друга земја на ЕУ, или во земја надвор од Шенген зоната со која Македонија има договор за екстрадиција, бидејќи по него е распишана меѓународна потерница, таа земја може да го стави во екстрадиционен притвор и потоа да ја контактира државата што го бара – значи  Македонија. Ако Груевски сепак замине во друга земја на ЕУ да бара втор азил, во тој случај се повикува на Даблинскиот договор, што значи дека таа земја го враќа назад во Унгарија.

Целата изјава на експертот од МВР, повеќе детали, како и  дали на Груевски иднината му е сигурна во Унгарија, прочитајте на САКАМДАКАЖАМ.мк.

- Реклама -