Експедиција Голијат

karl1Експедицијата Голијат не е како останатите обиди да се срушат поставените рекорди. Тоа се 12 години, 58.000 км, 4 континенти, 25 земји, преминување на заледено море, 6 пустини и 7 планински масиви. На кратко кажано, тоа е едно непрекинато патување…


karl2

Американецот Карл Бушби(36) е првиот човек кој ќе се обиде да пропешачи 58.000 километри околу светот. Изминативе 8 години Карл помина преку 27.000км низ Јужна, Централна и Северна Америка. За да го заврши патувањето ќе му бидат потребни севкупно 12 години.
 
Неговото патешествие започна на 1 Ноември 1998, а со оглед на брзината со која се движи би требало да пристигне дома во родниот град Хал, во 2009 година. Сите авантури, магични моменти и проблемите со кои се соочува се илустрирани во неговиот онлајн дневник кој скоро редовно го пишува.
 
За оние кои се интересираат како ќе заврши ова храбро патување на Карл, неговото движење и случки можат да ги следат преку овој вебсајт.
- Реклама -