Скопје, 4 април 2024 – Diamond Mall ја има честа да биде домаќин на годинешното – четврто по ред – издание на Скопскиот моден фестивал (Skopje Fashion Festival), што се одржува од 3. до 6. април. Програмата на ова издание на Скопскиот моден фестивал, што се одвива под слоганот „Среќата е насекаде!“, преставува уникатен спој на модни ревии и уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби, како и шоу настапи на познати ѕвезди.
Во рамки на втората вечер од фестивалот, на 4 април, заинтересираната публика ќе има прилика да ја проследи модната ревија на познатите странски брендови кои се присутни во Diamond Mall. Ревијата се состои од три целини, секоја од нив посветена на посебна тема. Првата се однесува на ексклузивни модели за луксузен изглед и ги опфаќа брендовите на Magnetic Gallery, Motivi, Oltre, Gerry Weber, како и City Fashion. Во вториот дел ќе бидат претставени последните колекции на дел од спортските брендови присутни во Diamond Mall, како: Buzz, D Sport, Sport Reality и Sport Vision. Третата тема е посветена на секојдневната елеганција, претставена преку S. Oliver, Tom Taylor, Altinyildiz, Koton и DeFacto. Во рамки на вечерашниот настан, модно претставување ќе имаат и студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“, додека за музичкиот дел од настанот и забавата ќе се погрижат: Кристина Поптрпева, Дарко Гроздановски и DJ Mario Thrumpet.
Скопскиот моден фестивал е етаблирана културно-забавна манифестација која на едно место ги обединува сите еминентни претставници од домашната модна и креативна индустрија и истовремено им дава простор на младите таленти да ги промовираат своите дела.
Манифестацијата совршено се вклопува во уникатниот концепт Diamond Mall кој нуди врвно искуство, преку комбинацијата на шопинг, забава и дружење и прерана во новото популарно собирно место за сите жители и посетители на македонската метропола. Локацијата каде се одвива фестивалот преставува издвоен и специјално адаптиран простор во Diamond Mall со површина од 2.000 квадратни метри, естетски уреден во урбан, индустриски и еклектичен стил, дополнително опремен со најсовремена аудио, видео и светлосна технологија.