Минхен, 24 јануари 2022 (МИА) – Почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти призна дека дал лажна изјава за време на истрагата за сексуална злоставување во Германската католичка црква, во изјава објавена преку неговиот приватен секретар Георг Гансвајн и објавена на веб-страницата на Ватикан Њуз.
Спротивно на она што тој првично го кажа, Бенедикт учествувал на состанок во 1980 година како надбискуп на Минхен и Фрајзинг, на кој се разговарало за свештеник кој постојано привлекувал внимание за сексуална злоупотреба на деца, јави ДПА.
Тој свештеник подоцна бил вратен како пастор во Баварија.
Грешката „не е направена со лоша намера“, туку е „резултат на превид во уредувањето на неговата изјава“, се вели во соопштението од кабинетот на Јозеф Рацингер, роденото име на пензионираниот папа.
Тој рече дека му е „многу жал“ за грешката и изрази надеж дека може да му се прости, се вели во соопштението.