Силата на ветрот се користела како погон за бродови илјадници години, но, тој концепт никогаш не излегол на копно. Главната причина за тоа е што ветрот на копното и не е постојана појава. Но, ако истиот принцип биде малку изменет, можно е да се создаде возило кое воопшто нема да ја загадува околината.

Проблемот со хибридните и електричните возила е што тие сепак ја добиваат својата електрична енергија од нееколошки извори, хибридите најчесто се опремени со дизел мотор, додека електричните возила работат на електрична енергија, најчесто создадена во термоцентрали кои работат на јаглен.
Но, проектот наречен „Казагурума“ има цел да создаде возило кое ќе се движи само со помош на ветрот на невообичаен начин. Воздушниот отпор и динамочкиот потисок можат да го придвижат ова возило со голема брзина. Концептот сега за сега е тестиран само со помош на макета, како што може да се види во видеото, но ветува многу. Погонот зависи од Магнус ефектот. Големиот вертикален вентилатор кој ротира во задниот дел од автомовилот создава ефект на вртлог, кој со помош на крилото во кое е сместен вентилаторот создава потисок кој го придвижува возилото нанапред.
Казагурума – Wind Force Mobility е еден од кандидатите за Наградата Џејмс Дајсон, меѓународна награда за дизајн која ја охрабрува и инспирира наредната генерација на дизајн инженери.