Светската автомобилска елита ќе биде дел од ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally), што ќе се одржи во Централна Грција од 8 до 11 септември. Втора година по ред ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally) е дел од годишниот календар на ФИА Светското првенство во рели (FIA World Rally Championship) кое е највисокото интернационално натпреварување во оваа автомобилска дисциплина.
Главен спонзор на ова историско рели е ЕКО Грција, подружница на групацијата Хеленик Петролеум, на која припаѓа и компанијата ОКТА АД – Скопје. ЕКО има долгогодишната соработка со Акрополис Рели која трае повеќе од 10 години. Оваа година ЕКО ќе биде и главен спонзор на ЕКО супер специјалната рута (EKO Super Special Stage), која ќе се одржи на 8 септември, на Олимпискиот стадион „Спиридон Луис“ во Атина, веднаш по официјалното отворање на настанот. Организаторите очекуваат полн стадион кој може да собере 70.000 публика.
Во текот на четирите дена, организирани се вкупно 16 рути од кои 3 целосно нови, додека пак останатите се веќе многу добро познати како едни од најтешките за возење во светот на рели натпреварувањата. Љубителите на автомобилските трки ќе имаат можност да уживаат во врвното натпреварување помеѓу најдобрите светски рели имиња.
Акрополис Рели е интернационално реномирано натпреварување со богата историја кое се одржува уште од 1951 година, правејќи го едно од најдолготрајните и најпрестижни рели натпреварувања во светски рамки.
* Комерцијален текст