Во текот на минатиот месец септември, здружението за заштита на животната средина „Гоу Грин“ во соработка со Инспекторатот за заштита на животната средина од Општина Карпош, реализираа едукативна кампања за селектирање на отпадното стакло во угостителските објекти кои функционираат на територијата на локалната самоуправа.
Еколошкото здружение во соработка со овластениот инспектор од Општина Карпош, сеопфатно ја спроведоа едукативната акција, со што ја подигнаа свеста на угостителите за важноста при селектирање на стаклениот отпад. Инаку, оваа акција се реализираше во согласност со Законот за управување со пакување и отпад од пакување на Република Македонија.
За таа цел, овластените лица извршија едукативна презентација во повеќе од 95% во објектите во Карпош, кои се занимаваат со дејност која е поврзана со користење на неповратна стаклена амбалажа. Притоа, беа поставени и канти за селектирање на стаклото од неповратната амбалажата, како и од другите видови на отпад.