Огромен број жители на Венецуела веќе со денови бегството од гладот, насилството и растечкиот криминал го гледаат од другата страна на границата – во Колумбија.
Ужасната економска ситуација доведе до анархија во делови од главниот град Каракас. Криминалот цвета, особено пљачките на камиони кои пренесуваат храна за најсиромашните. Според податоците на Ројтерс, само во јануари на реонот на Каракас се извршени 162 пљачки во кои се убиени 8 луѓе. Лани во истиот период имало вкупно 8 пљачки.
Во последниве шест месеци, Колумбија има примено повеќе од пола милион бегалци од Венецуела. Меѓутоа, на границата чекаат реки од луѓе. Судејќи по неверојатните фотографии објавени од агенцијата EPA, се работи за масовен егзодус на Венецуелци преку мостот Симон Боливар. Поради тензичната ситуација, Колумбија распореди војска на границата и испрати полиција да патролира по граничните реони.
„Никогаш во историјата не сме доживеале ваква ситуација“ вели претседателот на Колумбија – Хуан Мануел Сантос.