Егзекуцијата на Садам виа мобилен (видео)

300px-saddam_hangs2Поранешниот претседател на Ирак беше егзекутиран во
утрото на 30 декември 2006 година со бесење. Неговите злосторства
против човештвото конечно го
стигнаа. Долгата рака на американската „правда“ го стигна. Ова што ќе
го видите е вознемирувачко видео на кое преку мобилен телефон е снимена смртта на Садам Хусеин.

Поранешниот претседател на Ирак беше егзекутиран во
утрото на 30 декември 2006 година со бесење. Неговите злосторства
против човештвото конечно го
стигнаа. Долгата рака на американската „правда“ го стигна. Ова што ќе
го видите е вознемирувачко видео на кое преку мобилен телефон е снимена смртта на Садам Хусеин.

 

{youtube}H26kbz3BeEM{/youtube}  

  Предупредување: Видео со непријатна содржина!

 

Преку детска наивна игра, смртта на Садам Хусеин ја однесе својата прва жртва.

Boy hangs himself 'like Saddam'

 

update: Истрага поради снимката на бесењето на Садам Хусеин 

 

* * * * *

Биографија на Садам Хусеин

 

Хусеин е роден на 28 април 1937 година во сунитско семејство во селото Уџе, во близина на Тикрит. Неговото семејно име е Садам ал Тикрити. Тој останал сирак на девет години и е одгледан од неговиот стрико, кој го испратил во Багдад на школување.

Хусеин во 1955 година станува член ан Арапската социјалистичка партија (БААС), а четири години подоцна има неупсешен атентат врз ирачкиот воен лидер Абдул Карим Касем. При атентатот Хусеин е ранет во раката и успева да избега во Каиро, каде се запишува на правен факултет.

Во 1963 година БААС доаѓа на власт и Хусеин се враќа во Багдад, како член на новата влада. Но, БААС на власт не остнува ниту една година. Хусеин е уапсен и одлежува затворска казна од 1964 до 1966 година кога бега од затвор.

Во 1968 година Хусеин учествува во државниот удар, а БААС повторно доаѓа на власт. Тој прво станува член на Револуционерниот команден совет, а во 1969 година избран е за заменик претседател на Советот и за заменик на генералниот секретар на регионалното раководство на Арапската социјалистичка партија.

Од 16 јули 1979 година Хусеин ги презема функциите претседател и премиер на Ирак, а во август истата година издава наредба за егзекуција на околу 400 членови на БААС.

Во септември 1980 година Хусеин го напаѓа иран. Во осумгодишната војна гинат приближно 1,5 милиони луѓе.

По наредба на Хусеин во март 1988 година употребено е хемиско оружје врз курдско село при што гинат 5.000 лица.

Во август 1990 година Ирак го напаѓа Кувајт, а на 18 јануари 1991 година почнува операцијата „Пустинска бура“ на меѓународната коалиција предводена од САД, под патронат на ОН.

При бомбардирањето на сојузничките сили загинаа 100.000 луѓе, а уништен е поголемиот дел од воената машинерија на Ирак.

Во 1995 година генералот Хусеин камал ал маџид и Садам Камел хасан, зетови на Хусеин пребегнуваат во Јордан и ги откривааѕ воените магацини во Ирак.

Инспекторите на ОН ги уништуваат арсеналите. Зетовите се враќаат во Ирак, а по наредба на Хусеин убиени се на 23 февруари 1996 година.

На 15 октомври 1995 година и на 15 октомври 2002 година Ирачаните на референдум се изјаснуваат за продолжување на претседателската функција на седум години. На референдумите гласаа сите регистрирани гласачи, а тој е реизбран со сто проценти од гласовите.

На 8 ноември 2002 година Советот за безбедност при ОН ја изгласува Резолуцијата 1441 според која Ирак треба да се разоружи или во спротивно ќе сноси сериозни последици.

На 17 март 2003 година американскиот претседател Џорџ Буш поставува 48-часовен ултиматум дп Хусеин да го напушти Ирак за да ја избегне војната.

Откако Хусеин одбива да ја напушти земјата на 20 март 2003 година почнува меѓународна воена операција „Слобода за Ирак“.

На 9 април 2003 година американската армија го одвојува Багдад, при што паѓа режимот на Садам Хусеин. На 1 мај 2003 година Буш прогласува официјален крај на војната во Ирак.

На 13 декември 2003 година Хусеин е уапсен во Тикрит, а на 9 јануари 2004 година САД официјално му признава статус на воен заробеник.

Судкиот процес за убиството на 148 шиити во Дуџаил почнува на 19 октомври 2005 година при што му се суди на Хусеин и на седуммина негови блиски соработници.

На 21 август истата година почна судењето на Хусеин и за геноцид и злосторство против човештвото. Хусеин се товари за убиството на околу 182.000 курди при операцијата Анфал, која беше извршена во три етапи.

Операцијата кулминираше со обезглавување на 5.000 Курди во селото Халабџа на 16 март 1988 година.

 

преземено од МИА

 

- Реклама -