Египетски новинар проба да го испровоцира Далиќ, па доби – епска „шлаканица“!

Египетски новинар проба да го испровоцира хрватскиот селектор Златко Далиќ со прашање за коментар за досадниот фудбал што го играле „коцкестите“ на Светското првенство во Катар во пресрет на мечот со Аргентина, утревечер од 20 часот во полуфиналето.

Иако цел свет се воодушевува од играта и настапот на Хрватите, кои напишаа нова историја, за египетскиот новинар играта е досадна, ама Далиќ манкупски му „залепи шлаканица“ со одговорот кој го даде.

„Ние играме на резултат и играме во – полуфинале на СП! Тука приказната завршува“, му одговори Далиќ.

- Реклама -