Ефтов ги открива новите лидери на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ

Статус на Васко Ефтов:

Дали меѓународната заедница ги подготвува Љупчо Николовски и Тимчо Муцунски да бидат нови лидери на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ!? Дипломатски кругови во Скопје тоа го оценија како идеа која е интересна.

Во овој момент во двете големи партии се водат силни внатре-партиски ферментиранја и можни лидерски комбинаторики. Во СДСМ ќе биде битно кој ќе биде технички премиер. Ако Оливер Спасовски не победи ( по втор пат ) во
внатрепартиското делеље на картите ( во првиот случај тој беше прескокнат од Стево Пендаровски на претседателските избори ) тогаш патот на Љупчо Николовски да биде наследник на Заев ќе биде отворен.

Во ВМРО ДПМНЕ во моментот постои драматично ривалство меѓу Потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.

Своето “непријателство” тие не го кријат ни во контактите со странците. И двајцата се гледаат како наследници на Мицкоски со помош на Будимпешта и странскиот фактор.

Инаку изборот на Љупчо Николовски и Тимчо Муцунски би бил дел од стратегијата за идеолошко изобличување на двете големи партии и реализација на т.н. Бенетон стратегија кога меѓу двете големи партии безмалку ќе нема идеолошки разлики. За односите во СДСМ и ВМРО ќе има две посебни емисии а ова е само отворанје на таа тема!

- Реклама -