„Едвард Втори“ на сцената на Народен Театар Битола

Во петок на 28 јуни во 20.00 часот, на сцената на Народниот Театар Битола ќе биде поставена претставата „Едвард Втори“.

Претставата е производ на драматуршкиот „римејк“ на режисерот Жолдак и Сашо Димоски на класичната драма на Марлоу, со поп-артовска посвета на физичкиот театар, а во поголемиот дел од дејствието кокетирајќи со разни жанрови, во прв ред крими-трилерот. 

Стеснета и дизајнирана во минималистички стил, сцената го потенцира чувството на нелагодност: затоа ликовите манијакално се удираат во ѕидовите, не наоѓајќи го излезот

Се работи за копродукциски проект на НУЦК Јордан Хаџи Константинов Џинот од Велеси Драмскиот Театар Н.О.Масалитиов, Пловдив Бугарија.

Претставата не е наменета за лица помлади од 16 год

- Реклама -