Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, за малку ќе доживеела вистинска непријатност, откако ветрот си поиграл со нејзиниот краток фустан.Кејт се појави во јавноста во склоп на хуманитарна акција, наменета во борбата против насилството на интернет.
31 годишната Кејт, позната по својот одличен вкус за мода, се одлучила за оваа прилика да носи кратко здолниште, но очигледно не размислила на ветрот.
Во текот на посетата на училиштето St, Edmunds, оваа мајка се наведнала за да земе букет со цвеќе од една ученичка, а ветерот си го направил своето. Среќа, не и ја подигнал премногу за фотографоте да извлечат повеќе од дозволеното. Така Кејт избегна катастрофа која веројатно воопшто не би и била драга на строгата Елизабета.
По церемонијата војвотката набрзо влегла во зградата, така што ветрот повеќе не и претставувал никаква модна закана.