Загорени траги и собирање на камени наслаги се задолжителни проблеми кои не успеваат да ги избегнат ниту најквалитетните пегли за алишта. Сепак, доколку сакате вашата пегла да остане што е можно подолго како нова, применете го овој брз, лесен и едноставен трик, кој нема да ве чини речиси ништо.
Потребно:
-1 до 2 лажички сол (било каква)
-цврста површина отпорна на високи температури (пример: подни плочки или мермерна даска)
Постапка:
1. Пеглата наместете ја на најсилна температура
2. По површината отпорна на високи температури истурете сол
3. Кога пеглата доволно ќе се загрее ставете ја над солта и триете нанапред и наназад со лесен притисок врз подлогата, како да пеглате цврст, памучен материјал.
4. Изгаснете ја пеглата, оставете потполно да се излади и добро пребришете со влажна памучна крпа.
Разликата од пред и после оваа постапка е и повеќе од очигледна.