Денеска во дом и дизајн ги отвораме вратите на една убав стан во Гетеборг, Шведска, декориран од страна на дизајнерите за ентериер од Alvhem.
Во 2010 година станот бил купен од архитект, кој решава да направи некои промени во него. Тој одлучува да го тргне ѕидот помеѓу кујната и дневната соба и така станот станува еднособен, но доста широк и пријатен.
Како што можете да видите на сликите, живеалиштето кое е во типичен скандинавски стил, располага со доволно простор и изгледа како одлично место за одмор.