Едноракиот кошаркар (видео)

Портер Елет Необичната приказна за Портер Елет започнува некаде во детството кога ја загубил својата десна рака во несреќа. Продолжува на кошаркарскиот терен каде што Портер е средношколска ѕвезда. Каде ќе заврши, зависи единствено од посветеноста и силната волја на младиот кошаркар.


Портер Елет е ученик во средното училиште „Вејн“ во Бикнел, Јута, САД. Тој е лидер на средношколскиот кошаркарски тим и предводник во статистичките категории: поени и украдени топки. И тука би немало ништо чудно доколку Портер не ја загубел десната рака во несреќа уште како дете. Наместо да се откаже од својот сон да стане кошаркар, со многу работа и силна волја успеал да стане подеднакво добар, ако не и подобар играч  од своите врсници.


{youtube}OlE0MGddLHU{/youtube}

Кога се загрева пред натпревар, гледачите кои никогаш порано не го виделе во игра, често се прашуваат дали пред почетокот на натпреварот ќе седне на клупата. Изненадениот израз на лицето го снемува дури откако ќе сфатат дека Портер е ѕвездата во тимот.

„Забавно е да ги видиш реакциите на сите луѓе кои се сомневаат во тебе и кои се прашуваат зошто воопшто играш, а потоа да излезеш на терен и да им докажеш колку вредиш“ изјавил Портер Елет.

„Тој има победнички менталитет и е врвен пример за тоа до каде може да се отиде со правилен однос кон нештата. Не е важно што ќе ти се случи, во животот е важно каква ќе биде твојата реакција и како ќе се справиш со нештата“ изјавил неговиот тренер, Кејд Морел.

Поради необичноста на приказната, фокусот на вниманието не е тимот, туку Портер. Но тој секогаш бил скромен и затоа пред сè секогаш им се заблагодарува на соиграчите за сите победи, на теренот, но и надвор од него. [High school basketball player with one arm defies the odds and leads his team]

- Реклама -