Eдно лице загина, единаесет се повредени во напад во Русија

По пукотниците кои се случија на туристичкото место Дернет во руската покраина Дагестан, најмалку едно лице го загуби животот а 11 се повредени – oд кои три лица се во критична состојба во моментов.

napad

Очевидците раскажуваат дека синоќа група од 20 лица се искачила на тврдината, па непознати напаѓачи со автоматско оружје пукале во нив.

Весникот “Раша тудеј” пишува дека нападот веројатно го извршила терористичка група која им се осветува на луѓето што слават Нова година.

- Реклама -