Едно лице убиено кај трговскиот центар „Мавровка“

Едно лице е убиено утрово кај трговскиот центар „Мавровка“.

На терен во моментов се голем број на полициски екипи и амбулантно возило, а местото е оградено со полициска лента.

Според очевидци, лицето најверојатно било адвокат. Во близина до телото има електричен тротинет.

Се очекуваат официјални информации од МВР.

Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено.

-На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило „пасат“ со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар, информираат од МВР. Оттаму додават дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- Реклама -