Eдно Ламборџини што може да се движи и под вода

Многу од патиштата во Калифорнија беа поплавени од Ел Нињо, но тоа не го спречи возачот на еден луксузен автомобил да нурне во водата и речиси да исчезне заедно со своето Lamborghini.

lambordzini

Во видеото кое што се растури од споделување на социјалните мрежи се гледа како Lamborghini во вредност од околу 200 000 долари се обидува да вози по поплавените улици во Сан Диего. Нискиот автомобил неодлучно се приближува кон огромната локва, додека другите автомобили тешко поминуваат низ неа.  Тогаш сепак возачот решава да се испроба и тргнува да минува низ локвата, поради што луксузниот автомобил речиси тоне целосно под вода. Сепак автомобилот напредува полека и конечно излегува од другата страна, запира на сувиот дел од патот, а потоа продолжува. Поплавите како последица од Ел Нињо затворија неколку автопати во Калифорнија и наметнаа евакуации на луѓе.

- Реклама -