Јаболкото лекува апсолутно сѐ: срцето, црниот дроб, цревата…Не се вели за џабе „Едно јаболко на ден и не ви е потребен доктор“.
Убива сѐ околу себе
Биолошки активните состојки на јаболкото остануваат релативно стабилни и на температура од 0 степени. Не треба да ги чувате заедно со друго овошје и зеленчук, освен ако не сакате побрзо да созреат затоа што јаболките испуштаат етилен кој го забрзува зреењето. Од една скапана јаболка во ќесата сите ќе станат такви. И тоа не е сѐ. Цвеќето што стои близу до вашата чинија со јаболки ќе овене.
Ги чува крвните садови
Поради богатството од влакна, витамин Ц и калиум, јаболките се корисни за срцето и крвните садови. Танинската киселина спречува таложење на мастите во црниот дроб, а витаминот Ц со јодот што го содржат некои врсти јаболко, спречува заболување на штитните жлезди. Благодарение на диететските влакна ја регулира столицата. Поволно делува и на регулирање на нивото на холестерол во крвта, го намалува ризикот од рак на белите дробови, дебелото црево, простатата.
Бројки
200 гр. – е тежината на просечно јаболко. Дивите се помали и полесни. Најголемото јаболко во светот запишано во Гинисовата книга на рекорди било тешко 1,800 гр.
100 гр. свежи јаболки содржат: 86 гр. вода,400 мг. минерали, 27 мг. витамини
100 гр. суви јаболки содржат:82 калории, 16,9 гр. јаглени хидрати, 16 гр. масти
50 отсто – половина од витаминот Ц се губи со печење на јаболкото
7 отсто – една петнаесетина ја чини кората на јаболкото и тој дел содржи 40-45 отсто полифенол, затоа не лупете ги јаболките!
30 гр . – ставете толку суви јаболки во 2 дл. вода и гответе две минути на оган. Овој чај ги ублажува симптомите на настинка и грип