Една во 20 нови статии на Википедија се напишани од вештачка интелигенција

Ваквите податоци сугерираат дека вештачката интелигенција ја презема доминацијата во креирањето нови содржини на интернет, а ја зафаќа и слободната енциклопедија Википедија.

Експертите предупредуваат дека содржините на википедија генерирани од вештачката интелигенција може да ја нарушат релевантноста на содржината која што се наоѓа на Википедија.

Вештачката интелигенција веќе масовно се користи од одредени страни за креирање на лажни вести и наративи во интернет, особено во пресрет на избори.

Прочитајте и:  Мета: Вештачката интелигенција не ги наруши изборните процеси изминатава година
- Реклама -