Воз во Ханој, Виетнам, минува по толку тесна улица што е на сантиметри од зградите и пешаците. Низ маршрутата до мостот Лонг Биен возот дури поминува во средината на едно помало пазарче, па така продавачите ги собираат штандовите и стоката, па повторно ги изложуваат откако ќе помине возот. Тој минува два пати во денот.
Луѓето се навикнати па не им е проблем.
Децата дури и си играат на шините.
Кога ќе помине возот, тој ја зафаќа целата улица. Виетнам се обидува да најде 1 милијарда долари за да ја обнови железничката инфраструктура.