Благодарение на своите објави на Твитер и Инстаграм, Криси Теиген многу брзо стана една од најбараните модели.
Сопругата на Џон Леџенд покажа и зошто познатиот музичар се заљубил во неа! Таа е вистинска комбинација на сексапил и хумор, а сега е и згодна манекенка која позира во новиот број на магазинот Esquire.
Криси Теиген во едно интервју признала дека е прилично задоволна со своето тело, но постои една работа која сака да ја промени- сака поголем задник!
„Незнаев дека задниците се „ин“ додека не наполнив 23 години. Тогаш дојде Џенифер Лопез и сите коментираа колку е добар нејзиниот задник. Тоа е лошо за мене бидејќи имам мала пола-азијски задник и што повеќе вежбам станива порамен“, вели Криси која има многу други атрибути поради кои ја посакуваат.