Се работи за француска адаптација на познатата бајка, најпосле една не толку совршена приказна како оние на кои сме навикнале.
За сите нас кои сме пораснале, читајќи ги Шарл Перо, Андерсен и Браќата Грим, станува јасно дека вистинските приказни личат на животот – тие се страшни, неверојатни и забавни, во нив има смрт, предавства и разочарување нерешено со љубов и чуда. Во овој поглед француската адаптација на „Убавицата и ѕверот” е блиску до приказните на Шарл Перо – на моменти е прилично страшно, но затоа пак е неверојатно убава до најмалиот детал.
Убавицата Бел има две сестри и тројца браќа, па авантури има за сите нив. Освен тоа е раскажана и една дополнителна приказна која што се развива во претходниот живот на чудовиштето. Соништасе испреплетени во еден огромен и магичен замок.
Режисерот Кристоф Гансо вели дека стилистиката на филмот меша империја и ренесанса со некои елементи на јапонската анимација – ефектот е импресивен. Режисер на костимите е Пјер Ив Геир, кој што работи во киното повеќе од две децении. Неговиот омилена дел од работата се фустаните на Леа Сејду – секој во различна, светла боја, со комплетен сет на женскиот пол, чорапи, чевли, додатоци, при тоа направени така што хероината да може да трча и да јава коњ. Секој од фустаните на убавицата заслужува да биде разгледан подетално – сите личат на уметничко високата мода.
Одличен филм за мали и големи девојчиња, мали и големи момчиња, родители, баби, дедовци.