Една од најголемите филмски легенди во пензија

Едно од најголемите имиња во Холивуд, Џек Николсон, одлучи да се повлече од актерските води.

Трократниот добитник на Оскар како главна причина за пензионирањето ја навел слабата меморија, која веќе му создавала проблеми при помнењето на речениците од сценариото.

„Џек без премногу фама реши да си замине во пензија, а причината за тоа е едноставна, ја губи меморијата. Николсон има 76 години, а неговото помнење не е како порано“, изјавил извор близок на актерот.

article-2411351-1B9F0B29000005DC-454_634x442

Џек својата кариера ја започна во 50-тите години од минатиот век, кога за прв пат се појавил на големите платна во 1958 година во филмот „The cry baby killer“.

Николсон освои два Оскари за најдобра машка улога, како и еден за споредна, од вкупно 12 номинации. Поради ова, тој ја носи титулата за актер со најмногу номинации во историјата на Академијата.

article-2411351-1B9EC91F000005DC-964_306x471

- Реклама -