Една ноќ на гробиштата

Данте Габриел Росети, англиски уметник и поет од XIX век, ја сакал премногу својата сопруга – поетесата Елизабета Сидал. За нивната љубов зборува нивната животна приказна.

Меланхолична и болна од туберкулоза, Лизи починала две години по нивната венчавка, во 1862 – од предозирање со опиум. Очаен од тага, Росети ја погребал со неа единствената копија од необјавените стихови.

Graveyard15

Минале седум години. Колку и да била голема маката на поетот и таа избледела, за разлика од споменот за закопаните стихови, кои со текот на времето станувале посветли.

Затоа Росети презел очајничко решение: го ископал гробот на својата љубена и ги вратил стиховите. Тие биле објавени во 1870 година и доста добро прифатени од критиката, но авторот никогаш не си простил што го осквернил гробот на покојната.

Во подоцнежните години тој се затворил за светот и целосно и се оддал на креативноста.

Данте Габриел Росен

- Реклама -