Импресивни слики на британскиот фотограф и неговите патувања низ Британија.
Лег ОГрафер, лего-човек, има “сликано“ фотографии патувајќи низ Велика Британија со неговата Лего-камера.
Ендрју Вајт, сопственикот на Лег, го поставува својот лего-човек пред својот објектив на земја, и потоа ја слика перспективата на лего-човекот со неговата камера.
Креативен фотограф сликал 365 фотографии одбележувајќи ги авантурите на Легографер- лего карактер кој сака да “фотографира“, патувајќи низ Велика Британија.
Ендрју Вајт, 39, го носи својот лего-човек каде и да оди, во случај да се појави можност за совршена фотографија.
Тој вели: „Го започнав проектов, бидејќи навистина сум компулсивен фотограф и се чувствувам дека морам да сликам во дадено време.“