На денешен ден, македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски почина на 77-годишна возраст кој остави голем белег во историјата на македонскиот театар.
Тој е добитник на бројни награди, меѓу кои „Златна клапа“ во Белград, четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир 2022.
Едни од омилените улоги на Јовановски на македонската публика се оние од филмовите „Среќна Нова 49“, „Тетовирани души“, „Пред дождот“, „Големата вода“, „До Балчак“.
Муралите, како современ начин на оддавање почит, претставуваат силен визуелен потсетник за значајни личности и настани во историјата. Овој мурал, поставен на фасадата на Кинотеката на Македонија – домот на македонската кинематографија, е уметнички израз кој ја истакнува суштинската улога на културата и уметноста во нашето општество. Тој ќе служи како инспирација за идните генерации и како трајно сеќавање на Мето Јовановски.
Овој проект е особено значаен бидејќи е реализиран по повод 10-годишниот јубилеј на Ротаракт Клуб Скопје Центар. Клубот, кој постојано придонесува за развојот на заедницата, го реализираше проектот благодарение на финансиска поддршка од сопствениот буџет и донации собрани на музички настан организиран за промоција на млади уметници“ наведуваат од Ротаркт Клубот.
Муралот е изработен од талентирани студенти на Факултетот за ликовни уметности – уметниците Евгенија Трајковска и Драган Илиќ. Како што велат од клубот, проектот има двојна цел: да ги промовира младите уметници и да оддаде почит на великанот на македонската култура.
Со поставување на овој мурал, Ротаракт Клуб Скопје Центар продолжува да ја остварува својата мисија – да ја инспирира младата генерација да ја почитува и негува македонската културна традиција. Муралот ќе остане како траен белег за значењето на уметноста и културното наследство, сведочејќи за посветеноста наклубот во градењето подобро општество, порачаа од клубот.
Фото: Facebook / Dramski Teatar Skopje