Единствените правила за диета кои ќе ви требаат

ДиетиГолем број различни диети функционираат за различни луѓе. Важно е да ја пронајдете онаа која функционира за вас. Но ако не сте сигурни како да започнете, овие пет докажани совети, кои одговараат на секој животен стил, се добри за почеток.

1. Грицкајте бадеми

Кога ќе добиете желба за грицкање нешто солено, избегнете ги чипсовите или смоките. Во студија извршена врз 65 доброволци кои се придржувале до нискокалорична исхрана било откриено дека оние кои грицкале бадеми го намалиле својот обем за 50 проценти повеќе од останатите и покрај конзумирањето на ист број калории. Исто така, истражувачи од Шпанија откриле дека и без почесто вежбање, конзумирањето на храна збогатена со мононезаситени масни киселини (кои можат да се најдат во храна како бадеми и авокадо) го намалува таложењето на абдоменални масти, за разлика од исхраната богата со јаглехидрати која го зголемувала.

2. Јадете повеќе растителни влакна

„Кога го успорувате варењето, го успорувате доставувањето на глукоза во крвниот систем“ вели доктор Мари Савард, „Тоа значи дека вашето тело ослободува помалку инсулин, а помалку инсулин значи помалку складирани масти“. Во студија извршена врз над 2900 возрасни доброволци, оние кои конзумирале храна богата со растителни влакна тежеле помалку и имале пониско ниво на инсулин и помал обем од останатите. Вашата цел би требало да биде околу 25 грама растителни влакна дневно од зеленчук, овошје, зрнеста храна, кафеав ориз и интегрален леб, житарици и тестенини.

3. Останете сити со протеини

Грам за грам, протеините имаат исто калории како и јаглехидратите, но поспоро се варат, па затоа се чувствувате сити подолго време. Исто така протеините помагаат и во намалувањето на нивото на хормонот грелин, кој го стимулира апетитот. Во студија извршена врз 60 доброволци во Данска, оние кои се придржувале до исхрана кај која 25 проценти од калориите биле од протеини загубиле речиси двојно повеќе масти по 6 месеци од оние кај кои протеините биле 12 проценти од исхраната. Во секој оброк вклучете и протеини, јајца, мисирка, риба, и зеленчук.

4. Избегнете го вештачкиот засладувач

Во петнеделна студија, стаорци кои имале неограчничен пристап до вештачки засладуван јогурт конзумирале повеќе калории, се здебелиле повеќе и имале повеќе маснотии од оние стаорци кои јаделе јогурт засладен со шеќер. Истражувачите веруваат дека вештачкиот засладувач ја ограничува способноста на вашето тело да ги регулира калориите врз основа на вкусот, па вие се прејадувате. Како алтернатива одберете природен засладувач, како нерафиниран шеќер или мед.

5. Исфрлете еден висококалоричен производ од исхраната

Вежбањето има најдобар ефект кога не го поништувате со празни калории. Елиминирајќи само еден висококалоричен производ од вашата исхрана, ќе ви овозможи да го намалите бројот на внесени калории за околу 250.

- Реклама -