Единствените два непоразени клуба во Европа: Едниот е Барса, за другиот немате слушнато

До пред пар дена, во европските лиги имаше 5 клубови кои можеа да се пофалат со сезона без пораз во тековните првенства.

Загребскиот Динамо ја напушти петорката откако изгуби од Хајдук, потоа изгуби и Викторија Плзен, а минатиот викенд испадна и Порто со изненадувачки пораз од 1:0 на гости кај Фереире.

Па така, во моментов двата непоразени клуба се големата Барселона и малиот Линколн Red Imps FC – водечкиот во гибралтарската лига.

 

По одиграни 28 кола во Примера, Барса има 22 победи, 6 нерешени, и 8 бодови повеќе од второпласираниот на табелата Атлетико Мадрид. Момците на Валверде имаат постигнато дури 72, а примено само 13 голови, што е неверојатна гол разлика од +59.

Иако имаат одиграно речиси двојно помалку натпревари од Барселона, со слични бројки можат да се пофалат и Red Imps. Водечкиот тим од првенството на Гибралтар во 15 одиграни кола имаат ремизирано само против клубот Европа со 1:1 минатиот месец, а сите други натпревари ги добија со импресивна гол разлика од 40:4.

- Реклама -