Единствениот збор што го изустија нацистичките генерали кога се предаваа

nacisti

На 7 мај 1945 година, силите на Нацистичка Германија официјално им се предадоа на сојузниците. Адолф Хитлер изврши самоубиство, а останатите лидери го потпишаа Актот за предавање и се сретнаа со генералот Ајзенхауер – врховниот командант на сојузничките сили.

Во неговата книга „The Bitter Woods: The Battle of the Bulge“, синот на Ајзенхауер – Џон, пишува за моментот на предавањето на германските војници и единствениот збор што Ајзенхауер го доби како одговор од цацистите.

„Генерал Ајзенхауер седеше во својата канцеларија, очекувајќи го исходот од преговорите за предавањето. Крај бирото на неговиот секретар и во канцеларијата влегоа Нацистите, исправени и студени. Ајзенхауер стана на нозе. Ригиден, со студен поглед кон непријателите, тој праша: ‘Дали ги разбирате сите одредби од документот што штотуку го потпишавте?’

‘Ја!’ (на германски – „Да“)

‘Вие, официјално и персонално, ќе бидете сметани за одговорни ако одредбите на ова предавање бидат прекршени, вклучувајќи ја и одредбата со која германските командири треба да се појават во Берлин во моментот одреден од Руската Висока Команда, за да остварите формално предавање до таа влада. Тоа е сé’.

Нацистите салутираа и заминаа, а Ајзенхауер се опушти. Неколку минути подоцна, тој прати порака до шефовите: ‘Мисијата на овие Сојузни сили беше исполнета во 0241, локално време, мај 7-ми, 1945’“.

- Реклама -