Единствен спас за дизелот – маслото!

Дизел моторите може сепак да имаат иднина, под услов да го менуваат типот и составот на горивото.

Во Велика Британија државната агенција за патишта започнува студии за придобивките од замена на нафтениот дизел со т.н. парафински горива произведени претежно од растителни масти, од сончогледово или од репа. Во Франција слични испитувања почнаа уште во пролетта.

„Најдобро решение за справување со зголемениот сообраќај, без да дозволиме влошување на квалитетот на воздухот, е да се потпреме на почисти автомобили со ниски емисии на гасови“, изјави портпаролот на агенцијата, која ќе инвестира 100 милиони фунти (111 милиони евра) во истражувањата.

Парафинските горива одамна не се новина – дури и сега повеќето производители на дизел користат до неколку проценти од нив во финалниот состав на горивото. Големиот  плус е дека се состојат речиси целосно од алкани и не содржат сулфур, за разлика од нафтените производи. Во емисијата нема сулфур диоксид, а азотните оксиди се во просек за 30-40% помалку. Модерните дизел мотори се целосно приспособени да работат и со 100% парафински гориво, иако повеќето производители не го препорачуваат. Минатата година на пример Mercedes одобри официјално такво гориво за целата гама лесни дизел автомобили.

Интересно е дека некогаш дизел мотор е создаден токму со идејата да работи на растителни масти. Првиот работен прототип на Рудолф Дизел, претставен на париската изложба во 1900 година, на пример, користел путер од кикирики. Дури подоцна инженери на САД.од Standard Oil – компанијата на милијардерот Џон Рокфелер, ја наметнуваат наместо тоа прилично поевтината фракција на нафтата, која сега ја знаеме како дизел гориво. Уште минатата година ЕУ усвои нов стандард за парафински горива (EN15940). Постојат два основни начини за производство на сличен синтетички дизел: од растителни или животински масти преку хидрогенизација, или произведени по циклуси на Фишер-Тропе, при што горивото се прави од јаглен, природен гас или биомаса.

Во споредба со традиционалниот дизел овие голива имаат пониско енергетска содржина, но повисок кетански број (т.е. пониска температура на палење – особено оние кои се произведени од животински масти).

Автоплус

- Реклама -