Еден загинат и еден повреден во пукање во село Батинци, полицијата трага по сторителите

Едно лице почина, а едно е поврдено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје денеска претпладне во село Батинци кога во нив било пукано од автомобил, соопшти МВР.  Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

-На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје, се посочува во информацијата од МВР.

СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Прочитајте и:  Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема во возилата
- Реклама -