Четири лица се повредени, а еден маж починал во болница од повредите здобиени за време на протестите во турскиот округ Первари по локалните избори.
Во Первари избија протести откако кандидатот за градоначалник на партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган освои 52 отсто од гласовите, додека кандидатот на опозициската партија ДЕВА 40 отсто.
Заменик претседателот на ДЕВА, Мехмет Емин Екмен, го идентификуваше убиениот како брат на кандидатот на партијата на изборите.
Полициската истрага за овој инцидент е во тек, а шест лица се приведени. Во Первари до четврток наутро од безбедносни причини е воведен полициски час.
На локалните избори во Турција на 31 март, опозициската Републиканска народна партија победи во 35 градови, додека владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган победи во 24 градови.