Кој знае на сопствениците колку им е интересно кога се дома. Па, како да не им биде во ваков простор.
Со преубав поглед на Пиринеите, овој апартман изобилува со комфор и интимност. Лоциран е во Гирона, град во Каталонија, Шпанија и е прекрасно место за уживање и релаксација од бурниот работен ден. Комбинирани се старински детали со дрвен мебел што резултира со еден уникатен ентериер во кој ќе се вљубите. А на тоа додадете и планински пејзаж од секој прозорец во куќата.