Бугарскиот премиер Бојко Борисов на состанокот на бугарскиот Совет за безбедност кажа дека Европската Унија покажа дека не е подготвена да се избори со епидемијата на коронавирус, пренесува „Спутник“.
„Ниедна од членките на ЕУ не поседува доволна резерва од маски, заштитна облека, аспиратори, респиратори, навлаки за обувки, ракавици.
Ниедна – зашто никој не можеше да предвиди ваков развој на ситуацијата. За среќа, Бугарија има соодветна индустрија: секој ден се произведуваат 4.000-5.000 метри ткаенина која успешно ги поминува тестирањата”, изјави бугарскиот премиер.
Борисов нагласи дека Бугарија ќе се избори со последиците од епидемијата.
„Што се не преживеавме, ќе го преживееме и ова. Паника, хистерија, купување продукти… Храна има. Во Бугарија и во Европа има храна – конзервирани производи, леб, брашно, резервите се огромни”, изјави тој.
Во Бугарија во моментот се забележани шест случаи на зараза: два во Софија, два во Плевен и два во Габрово. Пациентката во Софија е во критична состојба, додека состојбата на нејзиниот сопруг се влошува.
Но денес Борисов се посрамоти поштено при една посета откако камерите го снимија моментот кога се обиде да стави заштитна маска. Но работата тргна наопаку, па наместо на уста и нос, тоја ја стави преку своите очи.
На парламентските избори од 2005 година Бојко Борисов бил кандидат за народен пратеник од Националното движење „Симеон Втори“. По изборите е избран за народен пратеник, од што се откажал поради кариерата во МВР. По конфликтот со тогашниот министер за внатрешни работи, Румен Петков, го напушта системот на полицијата.
На 10 ноември 2005 година е избран за градоначалник на Софија. Во март 2006 година ја основал организацијата „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), на којашто и денес е лидер. Подоцна организацијата е претворена во политичка партија, која на 5 јули 2009 година победила на парламентарните избори во Бугарија, со освојување на 41% од гласовите.
Во почетокот на 2013 година поради протести во земјата дал оставка по која биле закажани парламентарни избори.