Е ова е љубов: Анџелина му подари на Бред Пит остров во форма на срце

И Бред Пит влезе во 50-тите години. По тој повод неговата љубов  прекрасната Анџелина Џоли му подари остров во форма на срце, кој вреди 19,7 долари. 

„Куќата е совршена за романтични викенди или за семеен одмор. Се е изолирано, а Анџелина знае дека ќе му се допадне посебно бидејќи е во форма на срце“, вели  извор за Мирор.

Островот со две куќи, кои се дело на омилениот архитект на Бред Пит, Френк Лојд Рајт, ја импресионирал Џоли.

Островот се наоѓа на 80 километри северно од Њујорк. Едната куќа е направена во 1950тата година пред смртта на Рајт, а другата во 2008 година според плановите на познатиот архитект Френк Лојд Рајт ( 1867 – 1959).

article-0-19A024EB00000578-234_634x610 article-0-19A1A7EB00000578-259_634x382 article-0-19A1A7F300000578-486_634x370 article-0-19A1A80200000578-622_634x336

- Реклама -