Пејачката неодамна изјави дека сака сé да направи според законот и редот.
Прво сака да се вери, омажи, па да има деца.
Ники Минаж се вери за својот дечко Мек Мил, а тоа го докажа со објавување на слика од вереничкиот прстен на Инстаграм.
Очигледно пејачката е среќна за веридбата, а нејзиниот дечко за XXL магазинот изјавил дека никогаш кон никого не го почувствувал она што го чувствува кон неа.
Тој претходно не бил еден од оние кои ја држат девојката за рака, но за неа се променил. Велат дека овие денови може да се види како прави работи кои никогаш порано не ги правел – како на пример, ѝ го придржува чадорот, ја отвара вратата…
Вели дека токму таа е онаа што отсекогаш ја сакал.
Па, со среќа нека им е.