Џудист исчезна во Лондон

Џудистот Седрик Мандембо, кој ги бранеше боите на Конго на Олимписките игри во Лондон, како и уште тројца официјални членови на делегацијата на оваа земја, исчезнаа по свеченото затворање на Игрите.

Тие најверојатно ќе се обидат илегално да останат во Велика Британија, а покрај Мандембо, им ја снема трагата и на неговиот тренер Ибула Масенго, боксерскиот тренер Блес Бекваи, како и техничкиот директор во атлетика, Гај Н’кита.

Нивните лични работи во Олимпиското село исто така ги нема, што само потврдува дека тие смислено се загубиле во непознат правец, планирајќи да останат во Велика Британија. Претходно, и седуммина спортисти на Камерун, петмина боксери, еден пливач и една фудбалерка, исто така исчезнаа од Олимпиското село.

- Реклама -