Џорџ Буш обезглавен во Game of Thrones (видео)

За едно од многуте обезглавувања кои се појавија во првата сезона на “Game of Thrones” била употребена главата на поранешниот американски претседател Џорџ. Во десеттата епизода од првата сезона Санса Старк првпат гледа неколку глави на копја. Едната е на татко ѝ Нед а друга на поранешниот претседател.

Креаторите на сериата ја посочиле употребената глава, но додале дека тоа не е политичка изјава (Reddit корисникот SidIncoginto прв ја посочи главата). „Последната глава на лево е на Џорџ Буш“ изјавил Дејвид Бениоф, еден од креаторите, во DVD коментар. „Главата на Џорџ Буш се појавува во неколку сцени со обезглавувања“ додал другиот креатор Д.Б. Вајс.

„Тоа не беше избор, ниту пак политичка изјава“ објаснил Бениоф. „Едноставно моравме да ги користиме оние глави што ни беа при рака.“ Вајс и Бениоф претходно изјавиле дека намерно избегнувале додавање политика во серијата која е базирана на романите на Џорџ Р.Р. Мартин.

{youtube}nRoVIpczcrY{/youtube}

„Дефинитивно не сме во искушение свесно да направиме било што“ рекол Вајс. “Нормално дека читаме вести и живееме во овој свет и сме постојано под влијание на светот околу нас. Но да се обидеме намерно да вметнеме политика во серијата би било грешка.“ [‘Game of Thrones’ put George W. Bush’s head on a stake]

- Реклама -