Сигурно сте забелжале дека актерот Џони Деп постојано носи затемнети очила. Но, не се работи за имиџ.
Џони Деп откри дека е речиси сосема слеп на левото око, но и дека со другото не гледа сосема добро, па затоа не ги симнува очилата со затемнети стакла.
„Во суштина сум слеп како лилјак на левото око. Тоа ми е од раѓање и не може да се излечи. Никогаш не сум гледал добро, се ми е матно“, рекол Џони Деп за магазинот „Ролингстоун“.
Кога не носи очила тој гледа само десетина сантиметри пред него.
Деп во интервјуто додал дека со задоволство би се повлекол од Холивуд, но дека нема да го направи тоа.