Во одреден момент почнуваш да размислуваш. И сфаќаш дека си прочитал повеќе напишани зборови отколку што си имал прилика да кажеш свои и тоа станува навистина неверојатно, изјавил славниот заводник.
Актерот Џони Деп размислува да го напушти актерството. Згодниот 50-годишник за BBC Breakfast изјавил дека „не е далеку од прекинување со глумење“.
„Во одреден момент почнуваш да размислуваш. И сфаќаш дека си прочитал повеќе напишани зборови отколку што си имал прилика да кажеш свои и тоа станува навистина неверојатно“, рекол Деп.
Актерот вели дека постојат многу интересни работи со кои може да се занимава. Смета дека премногу работел во последните неколку години и поради тоа сака да забави, но пред тоа мора да се појави во продолженијата на „Пиратите од Карибите“ и „Алиса во Земјата на чудата“.