Џони Деп бара утеха кај бившата?!

Кој рече дека по раскинувањето не може да останете во добри односи? Џони Деп го докажа тоа.

По 14-годишна врска и две деца, тој се реши за деловна соработка со својата поранешна невенчана сопруга, актерката и пејачка Вaнеса Парадис.

На 13 мај таа ќе го издаде албумот „Love Songs“, а на една песна под називот „New Year“ ќе гостува и Џони Деп и нивната 14-годишна ќерка Лили Роус. Па се прашуваме дали е најава за смирување во прашање.

vanessa_paradis_et_johnny_depp_reference

Сѐ уште нема потврда за што точно се работи. Тоа што е познато е дека на Џони не му успеа смирувањето со колешката Амбер Херд со која започна романса неспоредно по раскинувањето со Ванеса. Амбер, која не ја крие нејзината бисексуалност, наводно го оставила Џони за друга девојка.

184972-johnny-depp-and-amber-heard-pose-for-photographers-as-they-arrive-for-

Бара ли холивудскиот убавец утеха во бившата? Времето ќе покаже!

- Реклама -