Анџелина Џоли сака да има уште едно дете со Бред Пит, па макар и по цена на животот. Со оглед на тоа што ја чека уште една сериозна операција на јајниците, со ваквиот потег таа би можела да се изложи на голем ризик.
Актерката годинава правеше двојна масектомија, поради тоа што постоеа големи шанси да заболи од рак на дојките. Неодамна се рашири информацијата дека решила да направи уште една операција во брзо време, и тоа, зафат со цел да спречи рак на јајниците.
Извор близок на Анџелина изјавил дека таа се решила да ја одложи планираната операција на јајниците за да затрудни и да има уште едно дете со Бред Пит. Љубовта што ја чувствува за големо семејство не знае за граници, но ова навистина може да ѝ го загрози животот“, изјавил изворот.