Ѕирнете во внатрешноста на Стариот театар

Денеска официјално Стариот театар ќе ги отвори вратите, а еве како изгледа внатрешноста на новата театарска зграда. 

 

 teatar2

Отворањето на новиот објект ќе биде одбележано со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар, со изведба на фрагменти од претставата „Вечната куќа”, по текст на Јордан Плевнеш, со која во септември свечено ќе биде отворена новата театарска сезона, но и со отворање на еден навистина значаен сегмент од дејствувањето на новиот театар, односно промоција на Музејот на МНТ, кој претставува прва театарска музејска збирка формирана и презентирана во Македонија“, велат од Министерството за култура најавувајќи го утрешното отворање.

teatar6

Новиот театар, кој што е лоциран на левиот брег од реката Вардар, е изграден врз темелите на стариот театар кој што се урна во земјотресот во 1963 година.

teatar4

Позициониран е на вкупна површина од 7.200 квадратни метри, а аудиториумот на објектот е поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта. Сценската технологија и механика, како и целокупната сценска површина се од модуларен тип со дупло дно. Во системите на сценските технологии е вградена опрема од најпознати врвни светски производители за ваков тип опрема и објекти, која овозможува големи технички перформанси.

teatar3

Покрај основната функција на објектот, театарот сам по себе претставува и музеј со оглед дека преку темите на орнаментиката која ги краси ложите во внатрешноста е претставен дел од богатото македонско културно наследство, а посетителите можат да се запознаат со историјата на театарот на овие простори. Однадвор театарот го задржува својот автентичен изглед, а има и посебно осветлување (илуминација) на партерот, како и на целиот објект со што се истакнуваат неговите визури.

teatar5

Фотографиите се преземени од Интернет новинската агенција Нетпрес

- Реклама -